Голотијата дозволена- Фејсбук ја изгуби битката за цензура на фотографиите

Се започна со објавата на една уметничка фотографија која покрена револуција.

Пред неколку години на мета се најде 57 годишниот професор и љубител на уметноста Фредерик Дуранд- Баисас

Тогаш фејсбук му го укина профилот затоа што го објави контроверзното дело “Потеклото на светот“ од Густав Курбет од 1866 година, кое ги покажува женските интимни делови од телото, а изложено е во славниот париски музеј d’Orsay.

Професорот го тужеше фејсбук затоа што му го избришале профилот, а сега конечно доби и добра вест. Судот пресуди во негова корист, па покрена права мала револуција. Од Фејсбук повторно го активираа неговиот профил, а од сега може да се објавуваат фотографии на кои се гледаат интимни делови од телото и на жените и на мажите.

-Ова е голема победа за уметниците и фотографите ширум светот, кои своите фотографии сега ќе можат слободно да ги објавуваат на фејсбук, изјави Дуранд Баисас.

 
 
15.02.2016 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега