Денеска сончево и топло - уживајте!

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од осум до 19, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно и суво, само кон крајот на денот в петок и за време на викендот ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8. 

најчитано сега