Синот на индискиот гигант Субрата Рој стана македонски државјанин

 

Сушанто Рој, синот на индискиот тајкун Субрата Рој, за време на престојот во Македонија добил македонско државјанство, јавува Нова ТВ.

Синот на Субрата стана македонски државјанин врз основа на член 11 од Законот за државјанство според кој странец може да стане државјанин без вообичаените процедури „ако тоа претставува особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес“.

Владиниот портпарол Александар Ѓоргиев за НОВА ја потврди оваа информација. 

- Врз основа процедурата предвидена во законот и врз основа на член 11 од Законот за државјанство, Владата одлучи да го прифати барањето на подносителот Сушанто Рој за прием во државјанство на РМ - изјавил Ѓоргиев за НОВА. 

ФОТО:Телма

најчитано сега