Латас: Откако Јанева го ослободи Верушевски бројката на прислушувани разговори на Заев се качила на еден милион

 

Откако Катица Јанева го ослободи Зоран Верушевски, бројката на прислушувани разговори на Заев се качила на еден милион, пишува Драган Павловиќ- Латас во неговата колумна насловена како „Мортиша“

-Се огласи и Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Појавата не беше изненадување бидејќи Зоран Заев, обвинето лице на привремена работа шеф на СДСМ, го најави настапот неколку пати претходно. Како што е ред. Уште лани пред Нова година најави дека првите резултати на СЈО и Катица Јанева треба да се очекуваат пред март, и дека ќе се однесуваат на изборите. Што е логично, изборите се на 24 април и треба некој да заврши работа за СДСМ кој пред тие избори стои лошо, уште полошо отколку пред минатите кои убедливо ги загуби.
Во меѓувреме Катица му го ослободи од притвор дилерот на телефонски разговори Верушевски за потоа Заев да објави дека немал 600.000 прислушувани разговори, туку по излегувањето на Верушевски од притвор бројката се качила на еден милион, стои во колумната на Латас.

Потоа, пишува Латас, душа ситна не издржа, цел јануари заклучно до пред некој ден, Заев најавува кој и за што ќе биде гонет од СЈО, како да и е ортак на Катица, а не обвинет. Тоа е појако од него.

-Тој е единствен од политичарите со високи амбиции кој е амнестиран за криминал од осум милиони евра, има две обвиненија, а плус е сомнителен и за соработка со криминалот на фалсификаторот Чауш.

 
 
15.02.2016 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега