17 години по убиството на децата: "Цел свет жали што се родил мојот син, но не и јас!"

Се почнало како еден сосема нормален ден. На 20 април 1999 година, Сју Клеболд се подготвувала за на работа, додека нејзиниот 17-годишен син се подготвувал за на училиште. Денет и изгледал како и секој друг работен ден и не ни насетувала што ќе и се случи неа и нејзиното семејство.

По 17 години молк, од денто кој се смета за еден од најцрните и најкрвави денови во Америка, кога беше извршен невиден масакр, мајката на убиецот откри детали во јавноста кои никој не ги знае. Таа проговори за нејзиниот син Дилан и неговиот пријател Ерис Харис кои кобниот ден убија 12 ученици од едно средно школо во Америка, Columbine High. По масакрот, децата си го одзедоа сами животот.

Мајката вели дека често размислува за реченицата која е напишана на споменикот на жртвите на крвавиот настан, поставен во училиштето: - Најтешко е да се разберат децата кои убиваат деца. Таа за Би-Би-Си вели дека децата постојано и се во мислите и жали за трагедијата.

Шест месеци пред нападот, нејзиниот син се борел со суицидни мисли, а таа и сопругот направиле се што било во нивна моќ да му помогнат на сопственото дете. 

- Не знаев дека е убиец, не знаев дека е способен за такво нешто. Сепак ми е син. Дознав од крајот на истрагата. Не ни насетивме што ни спрема детето, вели очајната мајка која и по толку години се бори со споменот од масакрот.

Инаку, планот на Дилан и соученикот бил да ги убијат сите деца во школото, а ги имало 2.000. Се подготвиле со 90 бомби, пушки и гранати. На 20 април 1999, тој само претрчал покрај мајка си и заминал во смрт. 

Иако сите пишуваа и велеа дека би било подобро убијците никогаш да не се роделе, мајката вели дека таа е среќна што и се родил синот. Од моментот кога го направиле делото, се прашувала што тргнало на лошо за да се случи сето тоа.

Вистинскиот мотив за овој масакр никогаш не беше откриен.

 

 

 
 
15.02.2016 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега