Јолевски: АРМ подготвена за сите предизвици

Министерот за одбрана Зоран Јолевски при денешната посета на припадниците на Армијата на Република Македонија на граничниот премин во Гевгелија рече дека АРМ е подготвена за сите предизвици во поглед на справувањето со мигрантската криза.

 - Како Армија ги  разгледуваме различните сценарија и како се пристапува по тие сценарија. Армијата на Република Македонија е подготвена за сите предизвици кои се пред нас. Се разбира, за да се реши оваа мигрантска криза потребно е да се направи сеопфатна стратегија која што ќе ја опфаќа цела Европска Унија меѓутоа и земјите од Балканот плус Турција и Сирија. Проблемот е прилично комплексен и заради тоа потребна е сеопфатна стратегија и таа стратегија перманентно се развива, изјави Јолевски.

Министерот додаде дека е добро што други земји одлучиле заедно да се работи со цел ефикасно справување со мигрантската криза.

Јолевски рече дека се прават проценки за должината на оградата и оти таа ќе се поставува на подрачја каде што постои ризик од нелегално преминување на мигранти. Оградата се поставува со цел да се насочат мигрантите кон центарот за регистрација каде што се регистрираат, добиваат храна, вода, облека и го продолжуваат транзитот кон европските држави.

Министерот за одбрана изрази задоволство од  извршените задачи  од страна на АРМ и се заблагодари за вложениот труд во справувањето со мигрантите.

 
 
14.02.2016 - 15:38
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега