Се случи чудо во Манастирот Острог

Непосакувано девојче го спасиле добри луѓе.

Вера е родена 1960 година како четврто, непланирано и непосакувано дете во семејство од Суботица. Татко својата новородената ќеркичка ја оставил на пруга посакувајќи ја нејзината смрт. Но еден добар човек по име Бранко го слушнал нејзиниот глас и ја спасил. Бранко и неговата сопруга Нада потоа ја посвоиле малата.

По два месеци, приметиле дека малечката има проблеми со видот, и ја однеле на лекар кој ги потврдил нивните сомнежи. Потоа ја носеле по болници но лекарите немале лек за нејзината болест.

По некое време одлучиле девојчето да го однесат во Mанастирот Остог, со препорака на луѓе кои доживеале чудни здраствени подобрувања. Tаму верниците се молеле за таа побрзо да оздрави.

Една ноќ Вера слушнала ангел кој ја повикал кај себе. Девојчето се разбудило од сонот, отворила очи и вриснала гледајќи светлост.

Потоа останала со родителите уште неколку денови во Манастирот, најпрво почнала да гледа како низ магла, а на крај целосно да прогледа.

 
 
14.02.2016 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега