Нов преседан и газење на Уставот од Катица Јанева
Невиден скандал во македонското правосудство. Прв пат официјален орган во Република Македонија си зеде за право преку Фејсбук да коментира судски одлуки и да им се заканува што пропуштиле , а што не пропуштиле.
-Кривичниот суд во Скопје засега пропушти да се запише во историјата на Република Македонија. Следуваат жалби!, објавено е на официјалниот профил на СЈО на ФБ.
Катица Јанева си зеде за право да биде историчар и да му наредува на судот во кој правец треба да одлучува за да не пропуштел да се запише во историјата, што претставува срамно и недолично однесување.
Во историјата ќе остане запишано дека еден правник, наместо со правни аргументи настапува политички со инсинуации и закани наместо со докази.
13.02.2016 - 13:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа