ВМРО-ДПМНЕ до медиумите на СДСМ и СОРОС: Грубото дезинформирање може да го проверите со најобичен повик до амбасадите

Луѓето од ВМРО-ДПМНЕ за кои што пласирате дезинформации дека наводно се во бегство или наводно побарале прием во странски амбасади, ниту се во бегство, ниту побарале прием во било која амбасада, стои во демантот од ВМРО-ДПМНЕ до медиумите на СДСМ и СОРОС.

-Крајно непрофесионалното постапување и грубото дезинформирање наложено од штабот на СДСМ може да го проверите со најобичен повик до сите амбасади. Вашето неточно информирање е уште еден доказ за пропагандата и манипулациите кои се единствено во интерес на партиската агенда на СДСМ, се вели во демантот.

 
 
12.02.2016 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега