Обвинителките грубо ја прекршија пресумпцијата на невиност

На денешната прес конференција обвинителката Фатиме Фетаи изврши груба повреда на законот, прекршувајќи го основното уставно и законско право на прсумпција на невиност.

Во стил на класична политичка инквизиција од страна на обвинителката беше посочено дека во рамки на предметот за кој зборуваа се наоѓаат и поранешни министер за внатрешни работи, транспорт и врски и генерален секретар на Владата, со што ги посочија лицата и им пресудија без суд и без постапка.

За скандалозноста на овој противправен потег да биде уште поголема говори и фактот дека за лицата кои беа посочени не постои ни обвинителен акт, туку само барање за истрага на предметот.

Досега за ова очигледно противправно однсеување нема реакција од соросовите организации кои обожуваат да говорат на оваа тема.

Инаку, дел од медиумите и новинарите деновиве коментираа дека Фатиме Фетаи вршела груб притисок врз лица кои ги испитувала, за што соодветно се поднесени и правни средства.

 
 
12.02.2016 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега