Се превртувал 5 пати - возач од Кичево итно на Ургентен

Вчера во 12.30 часот на регионалниот пат Кичево-Осломеј, во близина на село Црвевци, се случила сообраќајна незгода во која С.Ш. (60) од село Поповјани, кичевско, управувајќи автомобил марка „Опел Вектра“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот и неколку пати се превртел. Во незгодата возачот С.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, фрактури на ребра и десна подлактица. По укажаната лекарска помош во Кичево, во безсвесна состојба е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила полицијата на Кичево.

 
 
12.02.2016 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега