Страшна несреќа на патот Охрид-Кичево

Вчера во 15:30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, се случила сообраќајна незгода во која Е.У. (54) од село Зајас, кичевско, управувајќи автомобил марка  „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот. Во незгодата Е.У. се здобил со тешка телесна повреда, фрактура на лева клучна коска и по укажаната лекарска помош во болницата Свети Еразмо е пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Охрид.

 
 
12.02.2016 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега