АУДИО: Звукот кој ги открива најдлабоките тајни на вселената: Слушнете како звучат гравитационите бранови

Аудио материјалот од гравитационите бранови кои поминуваат покрај Земјата, можеби е најважното нешто што ќе го чуеме во овој век бидејќи ги открива најдлабоките тајни на вселената.

Научниците објавија нова снимка од звукот кој го прават гравитационите бранови кои поминуваат покрај Земјата. 

Гравитационите бранови допираат од црните дупки и ѕвездите кои умираат, а можат да ни овозможат увид во настанокот на универзумот.

Конкретниот звук кој можеме да го чуеме на снимката, настанал пред повеќе од милион години кога две црни дупки налетале една на друга. 

Алберт Ајнштајн го предвиде овој звук пред еден век, но научниците со децении се обидуваа да го докажат неговото постоење, без поголем успех.

Звукот го забележа проектот Лиго кој користи суперчувствителни детектори за движење.

 
 
12.02.2016 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега