Историски момент: Русите и Американците се договорија околу Сирија!

САД и Русија ноќеска постигнаа договор за прекинување на непријателствата во Сирија, за да започне мировниот процес и да се прекине егзодусот на цивилите од таа земја.

По пет часа интензивни преговори во Минхен, САД и Русија и нивните главни сојузници одлучиле на цивилите на кои им е неопходно без одложување да им се достави хуманитарна помош.

- Се договоривме да се запрат непријателствата во целата земја и тоа во рок од недела дена, изјави шефот на американската дипломатија Џон Кери по состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека сириските власти и опозицијата треба да ги превземат неопходните мерки.

- Веројатно треба да го искористиме нашето влијание на двете страни, рече Лавров.

САД и Русија ќе го одредат начинот на кој ќе се окончаат непријателствата во Сирија, изјави Лавров и додаде дека постигнатиот договор е првиот чекор кон траен прекин на огнот.

Западот бара прекин на интервенциите на руските сили во Сирија кои им пружаат помош на сириските сили, од кога тие пред десет дена тргнаа во офанзива на Алепо кој е под контрола на бунтовниците.

Договорот за прекин на непријателствата се однесуваат на сите завојувани страни, освен на терористите од Исламска држава, прецизираа министрите.

 

 

 
 
12.02.2016 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега