Залутан куршум усмрти девојка

Арен Оконор (25) од Чикаго ја погодил залетан куршум, додека разговарала со нејзиниот татко на телефон. Не била ни свесна што и се случило, само повторувала како ја болело главата. Таткото ја слушал својата ќерка како умира, а ништо не можел да направи за да и помогне. Се се случило во вечерните часови додека пред зградата во која живеела, седела во својот автомобил. Таму се доселила пред една година за да биде поблиску до својот дечко.

Дејвид, таткото на девојката секој ден бил во контакт со неа, но таа вечер се оствариле неговите најголеми стравувања.

Во последните месеци во градот полицијата забележала голем пораст на разбојништва и се почеста појава на огнено оружје.

 

 
 
12.02.2016 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега