Јелена Ѓоковиќ нападната на Инстаграм: Ти удри славата во глава (ФОТО)

Сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ е позната по здравиот начин на исхрана кој го води, а своите рецепти и идеи често ги споделува преку социјалната мрежа Инстаграм.

Така беше и утрово кога на следбениците на социјалните мрежи им посака добро утро со фотографијата од здрав појадок и покрај списокот на потребните состојки напишала :„Појадок за двајца“.

Меѓутоа, некои од следбениците на социјалните мрежи и пререкоа зошто објавата не ја напишала на српски јазик, туку само на англиски јазик, коментирајќи дека „славата и удрила во главата“.

Другите пак ја бранеа , појаснувајќи дека Новак и Јелена се личности кои ги следат луѓето од целиот свет, а не само до Србија.

 
 
11.02.2016 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега