Писмо на една мајка кое ќе ве воодушеви: Ќерко, никогаш не трпи непочитување

Следува писмо на една мајка до својата ќерка, во кое се обидува да и ги пренесе животните мудрости кои таа ги научила.

„Да душо, знам дека мислиш дека сум стара. И јас грешев во текот на годините. Дали некогаш ми прости за онаа ужасна роденденска торта, која се обидов да ја направам за твојот осми роденден? Или што ти подарив маче, незнаејќи дека си алергична на влакна од мачка? Навистина ми е жал поради тоа, но во меѓувреме собрав некои информации за кои сметам дека можат да ти бидат од помош. Секако би сакала некој тоа да го направел за мене.

Се надевам дека после ова повеќе нема да ме гледаш како проседа жена во ’60-те години од животот, туку како она што навистина сум: мајка која сака нејзината ќерка да не мора да поминува низ одредени тешки моменти (низ кои морав јас да поминам). Еве кои работи сакам да ги знам на твои години.

1. Ти си најважната личност во твојот живот

Да, го кажав тоа и навистина го мислам. Една здрава форма на љубов кон самата себе те прави посреќна, ти помага да ги следиш своите соништа и истовремено ти дава сила да им делиш љубов на оние кои те опкружуваат. Лошиот вид на самољубие е всушност нарцисоидноста и таквите луѓе немаат намера да им пружаат љубов на другите.

Долго време мислев дека моето помагање на другите луѓе е всушност „мојот билет за рајот“. Навистина мислев така. Се обидував да бидам што е можно подобра пријателка. Се трудев да не заборавам ничиј роденден. Бев рамо за плачење. Верував дека доколку тоа го направам, дека луѓето ќе ми се најдат во животот, кога навистина ќе ми бидат потребни и дека тоа ќе биде мојата награда затоа што сум „добра личност“.

Не сум била во право. Ова не значи дека не треба да им помагаш на другите или дека другите нема да бидат со тебе кога тоа ќе ти биде најпотребно, туку дека треба да се фокусираш на она што ти всушност го сакаш. Не можеш вистински да ги закаш другите доколку ти прво не се засакаш себе си. Ми требаше толку долго тоа да го сфатам и не сакам тоа да ти се случи и на тебе.

2. Никогаш не прифаќај непочитување

Без оглед на тоа дали станува збор за маж, пријателка или некоја сосема трета личност, никогаш немој да дозволиш кој било да те омаловажува. Секогаш заложувај се за самата себе си. Доколку тоа не го сториш, постои голема шанса да бидеш повредена и да ти биде жал што не си постапила поинаку.

Треба да бидеш храбра и силна. Не, не значи дека секогаш треба да ја „тераш правдата“, но не дозволувај кој било да ти го наметнува своето мислење и да манипулира со тебе. Знам доволно си зрела тоа да не го дозволиш, но имај на ум дека на овој свет не постојат само добри луѓе. Постојат и оние помалку добри, кои на некој начин ќе сакаат емоционално да те повредат, свесно или несвесно. Предавството е навистина одвратна работа, но запомни ги моите зборови: секогаш треба да најдеш сила и храброст во своето срце за да простиш. Прости, но немој да заборавиш, бидејќи на тој начин повторно ќе ја направиш истата грешка во иднина. Верувај ми за ова.

3. Твоето семејство те сака над се

Мислам дека тоа во твоите години е мошне лесно за заборавање. На крајот на краиштата „поминувањето на времето со семејството“ и не е баш иделната вечера за тебе и може да ти изгледа целосно досадна.

Но вистината е дека љубовта на своето семејство е работа, на која секогаш можеш да сметаш. Мислам дека тоа веќе го знаеш. Не постои работа на овој свет, поради која семејството би те напуштило. Знам за некои работи можеби е тешко да се зборува, но сакам да знаеш дека мене секогаш можеш да ми се обратиш во кое било време, дури и во глувото доба на ноќта. Доколку не можам да ти помогнам, можам барем да те сослушам. Ќе ти биде полесно.

Биди трпелива со себе и со другите. Ќе има многу подеми и падови, но доколку го имаш на ум ова што ти го напишав, полесно ќе ги пронајдеш својот внатрешен мир, силата и самодовербата.

Те сака, твојата мама“.

 
 
11.02.2016 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега