ВИДЕО: Навредите единствен аргумент на Заев

 

Опозицискиот лидер Зоран Заев синоќа гостуваше во Дневникот на Сител телевизија. Ова видео покажува дека првиот човек на опозицијата во недостаток на конкретни аргументи за да одговори на поставените прашања, постојано се служеше со дрски навреди и омаловажувања како кон новинарот, така и кон медиумот во кој гостуваше.

 

„Вие сте злосторничка банда, кога зборувате труете, ширите радијација“, „Оваа телевизија и овие вести станаа куртон вести“, „Ваква булумента како вас“, „Вие сте осомничен криминалец“, “„Во кој свет живеете бе господине Павловиќ“. Ова е само дел од вокабуларот на опозицискиот лидер, кој следеше откако првиот човек на СДСМ немаше аргументиран одговор на констатциите на Драган Пваловиќ- Латас.

Откако Латас комплетно ја разобличи комуникацијата меѓу Заев и Чаушот, односно објави информации дека Заев од јуни до ноември 60 пати разговарал со Захир Бекири Чауш, со неговиот брат и неговата сопруга, првиот човек на СДСМ во недостаток на аргументи да одговори на обвинувањата.,постојано се служеше со напади и навреди.

-Чауш е член на СДСМ и со него сум контактирал само малку партиски, не сум личен пријател, изјави Заев.

-Значи не се зборувале со него, со неговото семејство- праша Латас?

Не, одговори Заев.

На забелешката на Латас дека Заев има специјални односи со Чауш, Заев рече дека се е монтировка, по што Латас му ги предочи неговите телефонски разговори и контакти со Чауш и неговото семејство.

razgovor1

viber1

viber2

Латас го праша лидерот на СДСМ како неговото семејство свртело неверојатни 205 милиони евра за време на владеењето на Груевски, но лидерот на СДСМ одбегна да даде одговор и на ова прашање.

-Што правиме со тендерите што ги давате на Фирмите на Баце, Вице, Чиче – праша Латас, но Заев не даде одговор на ова прашање.

klan

 

firmi2

firmi1

strumica5

strumica4

strumica3

strumica2

strumica1

Заев беше контрадикторен и во одговор за доставените прислушувани разговори. Заев рече дека се што поседува доставил до Специјалното јавно обвинителство и кажа дека доставил 1 милион и 50 илјади разговори.

– Сакате да ја знаете вистината?-рече Заев.

– Сакам.- одговори Латас.

– Милион и 50 илјади разговори доставив до обвинителството- рече Заев. Тој рече дека нема записник за предадените материјали.

– Па чекајте, прво рековте 40.000, па 240.000, па 600.000 прислушувани разговори, сега викате милион и нешто и на крај ќе испадне дека имате 2 милиони разговори за 2 милиони граѓани на Македонија – заклучи Латас.

Од видео снимките може да се слушнат сите закани и навреди кои лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев ги упати кон уредникот на телевизија Сител во централните вести. И покрај тоа што тој самиот го бараше интервјуто, некоректното однесување на еден политичар кон новинар е уште еден доказ за неговата политичка незрелост.

 

 
 
11.02.2016 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега