КУРИР: Тензично на Бихаќка: По цела ноќ бурни расправии во седиштето на СДСМ, Заев ја повикал Катица Јанева
Интерјвуто на ТВ Сител било причина за несогласувања и кавги во седиштето на СДСМ, откако вчера лидерот на опозицијата по неуспешниот настап заминал гневен од студиото на ТВ Сител. Веднаш по завршувањето добил бројни критики од партиските соработници, бидејќи не смеел да си дозволи настап во кој би влегол во лична пресметка со главниот уредник на телевизијата, пишува Инфомакс.
Фијаското на лидерот на опозицијата во вчерашното интервју на дневникот на ТВ Сител предизвикало бура од реакции во седиштето на СДСМ, а Зоран Заев бил цел на критики од најблиските соработници бидејќи дозволил да биде вовлечен во лична пресметка со новинар кој е и главен и одговорен уредник на телевизијата во која учествувал, пишува порталот.
Критиките се однесувале на начинот на кој Заев влетал во лична пресметка изрекувајќи навреди, закани и лични квалификации кои не доликувале на партиски лидер. Заев на тоа одговорил дека бил совладан од емоциите, и немајќи друг избор морал да се одбрани вовлекувајќи се во лична пресметка, по што ветувал дека ќе изнајде начин како да го покрие неговиот неуспешен настап, дознава Инфомакс од извори блиски до кабинетот на Заев.
Порталот дознава дека тој веднаш ја повикал Катица Јанева на која и порачал дека дошло времето за целосна пресметка со ВМРО-ДПМНЕ, по што било договорено дека таа треба веднаш да стартува со реализацијата на финалниот дел од заедничкиот план за одложување на изборите, или доколку до тоа не дојде, да се започне со реализација планот за дискредитирање на високи функционери од Владата преку неосновани обвинувања, кои пак ќе бидат во корист на кампањата на СДСМ.
Ова, пишува Инфомакс, било прифатено од Јанева која иако признала дека нема доволно докази, се согласила дека треба да се делува бргу бидејќи и таа се чувствувала под притисок на медиумите кои во изминатите неколку денови започнаа да известуваа за нејзиниот имот, но и да прашуваат од каде одеднаш Катица Јанева се стекнала со имот во Скопје каде што поседува два стана, а бара и трет – државен стан, информира извор од Специјалното Јавно обвинителство.
За потсетување, против тимот на СЈО и Катица Јанева досега се поднесени 20-тина кривични пријави поради непрофесионално работење, поради малтретирањето и притисоците врз сведоци кои биле уценувани и кои добивале закани за лажно да сведочат, со цел да бидат изготвени монтирани и невистинити изјави со кои треба да се дискредитираат актуелни и бивши функционери на Владата на Р.Македонија
Извор: КУРИР
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа