Предлози за изработка на Урбанистичкиот план за село Драчево

Општина Кисела Вода ги повикува граѓаните кои имаат во сопственост имот во село Драчево и сите заинтересирани инвеститори да дадат свои предлози и со тоа да учествуваат во изработката на Урбанистичкиот план за селото Драчево.

Граѓаните ќе можат да даваат предлози од утре до крајот на следната седмица, во архивата на општина Кисела Вода, од 9 до 15 часот.

Како што информира општина Кисела Вода, ќе ги разгледаат предлозите и добрите решенија кои ги задоволуваат Законот за просторно и урбанистичко планирање и параметрите од Правилникот за просторно и урбанистичко планирање и ќе ги вклопат во Урбанистичкиот план за селото Драчево.

По завршената тендерска постапка, фирмата Билд Урбан Дооел Скопје е избрана и ќе работи на изработка на Урбанистичкиот план за селото Драчево, за што општина Кисела Вода аплицираше и доби финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.

 
 
11.02.2016 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега