Трогателно писмо до Црвенковски: Ако си одите СДСМ ќе замине во пеколот

Различни чувста кај членството побуди оставката на Црвенковски . Дел од нив сметаат дека партијата ќе се распадне а дел очекуваа прогрес. На фан страната на Црвенковски на facebook членови на партијата оставаат секскви пораки.

„Голем ЧОВЕКУ народот сеуште Ве САКА...средете ја партията која сите Ние ја сакаме макар тоа Ви одзело и време и вратете се на голема  врата...Ние сме стрпливи ќе чекаме...само немојте да одите  зашто Ние членовите и симпатизерите на СДСМ се плашиме дека ако во овој момент Вие одите СДСМ ке замине во пеколот...и членовите од Вашето потесно раководство Груёвистите ке ги "разменуваат во нивната пазарна економија "  знаете како...веќе е видено.. “ - напишал еден фан на Црвенковски на неговата официјална страна.

Различни се ставовите и меѓу граѓаните кои ги користат социјалните мрежи. Оставката на Црвенковски е топ тема на Твитер.
„Б.Ц оставка, симпатизерите на СДСМ повторно со слики негови и удирања в гради. Абе не било до него, ја викам...“, „Б.Ц поднесе неотповиклива отставка. Следно, зомби апокалипса *се симнува во бетонската скривница* “,  „Он може и да се врати, ако народот го сака. Таков е, жалослив...“ „Со оставката на Б.Ц , на власта му се намалува моќта, за едно 40 проценти“, „Само да знаете, она "неотповиклива" може да значи "неотповиклива секоја втора среда во парен месец ако температурата е под 20 степени" - се дел од објавените твитови.

најчитано сега