ВИДЕО: Се повлекува механизација од пред хотелот Бристол по мораториумот на Жерноски

Порталот Нова ТВ објави видео на кое се гледа како се повлекува градежната механизација од пред хотелот Бристол. Утрово на ова место, група граѓани и поддржувачи на СДСМ, заедно со невладината Плоштад Слобода протестираа и ги урнаа тарабите, откако претходно градоначлникот на Центар рече дека го стопира Скопје 2014. Следеа остри реакции до ВМРО-ДПМНЕ и од Министерството за култура од каде изјавија дека општина Центар може да добие тужба за запирањето на работите која ќе треба да се плати од буџетот

најчитано сега