Пожар во скопско Козле - неколку пожарни на терен

 

Пред околу еден час избувна пожар во подрумски простории во објект во скопската населба Козле, пренесува Телеграф.

Според информациите на МВР, пожарот избувнал околу 10 и 35 часот во подрумски простории на улица „Јуриј Гагарин“. Повеќе информации ќе има во текот на денот.

Од Противпожарната единица на град Скопје информираат дека на терен се излезени неколку пожарникарски возила и дека огнот е ставен под контрола.

Командантот на скопската противпожарна бригада, Благоја Менковски, изјави дека пожарот е ставен под контрола и дека активно се работи на целосно гаснење на огнот.

 
 
10.02.2016 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега