Неколку скопски населби утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека утре без електрична енергија ќе останат неколку скопски населби.

Во период од 08:30-15:00 часот корисниците од ул. 29 Ноември бр.17, во период од 10:00 до13:00 часот корисниците од ул. Драчевска ќе бидат без струја.

Исто така, дел од Стајковци, дел од Арачиново, дел од населбата Илинден, Белимбегово, БрСаци, Индустриска зона Илинден, Давос,А ПС Комерц,Заобиколница, ЗИК сточна храна, Вичишки и  ФармаПрима ќе бидат без струја.

 

Во време од 09:30 до15:30 часот корисниците на дел од ул. Виетнамска дел од ул. Гарсија Лорка ул. Лука Геров и во време од 10:45 до15:30 часот корисниците Дел од ул. 4-ти Јули, дел од ул . БеазКула, дел од ул. Гостиварска, дел од ул.Црногорска ќе бидат без струја.

ФОТО: Дневник