Бил мртов цели 48 часа: Тврди дека Бог е жена!
Еден католички свештеник од Америка тврди дека Бог всушност е жена, откако официјално бил мртов 48 минути после срцев удар.
Отецот Џон Мајкл О'Нил (71) на кратко заминал на небото и го запознал Бог, додека докторите се бореле за неговиот живот во болницата во Масачусетс.
Иако докторите мислеле дека Џон претрпел оштетување на мозокот, тој се разбудил 48 часа подоцна и се опоравил од срцевиот удар.
Свештеникот потоа изјавил дека бил опседнат со чувство на безусловна љубов кога го запознал Бог, кој го опишал како мајчинска фигура, обсјаена со силна светлина.
-Имаше нежен и смирен глас. Фактот дека Бог не е Светиот Татко, туку Светата Мајка не ме вознемирува и таа е сето она на кое се надевав – изјави свештеникот.
Тој додал дека сака да ги продолжи проповедите и да ги подели своите нови сознанија.
-Бог е голем и семоќен, паралелно на тоа што е жена – изјави свештеникот.
09.02.2016 - 09:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа