Ново место за забава и уживање - Аква паркот се отвора во недела

Од оваа недела граѓаните ќе можат да се забавуваат, рекреираат и уживаат во скопскиот аква-парк.

Од недела посетителите ќе можат да се забавуваат на 10 тобогани, светски познатиот мултислајд, турбо-ленс и бумеранг-тобогани, како и спејс-боул тобоган со ноќни ефекти.

За дечињата се предвидени детски содржини со кои ќе се забавуваат, а за оние дечиња до 4-годишна возраст влезот е бесплатен.

Инаку, карта за скопскиот Аква парк за останатите посетители ќе чини 350 денари.