Аџиев: Никогаш не сум му се заканувал на Дамјановски- човекот не знае што зборува

 

Никогаш не сум му се заканувал на Чедомир Дамјановски, тврди претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев.

Откако Дамјановски го обвини дека мус е заканува по живот поради различните ставовиз а лустрацијата на академиите и други јавни личности, Аџиев негира и враќа со обвинување.

„Очигледно е дека Дамјановски е платен од некои други лица за ова што го зборува. Тој 4ипол години се што прави е опструкција на Комисијата. Нема сработено ниту еден предмет и нема разгледано ниту еден документ. Тој навистина не знае што зборува. Никогаш не сум му се заканувал. Не сум таков човек. Ова е уште една во низата изјави на Дамјановски за кои очигледно добива пари од некој друг“, вели во телеонски разговор за Пресс24 Томе Аџиев.

Дамјановски денеска на прес-конференција обелодени дека добива телефонскиз акани поживот а тврдеше и дека претсдетаелот на Комисијата мус е заканува на седници.

 

најчитано сега