„Facebook“ зближува но и разделува - трогателна приказна

Британката Сузан Меклеод Бајк (51) се шокирала кога на социјалната мрежа ја видела фотографијата од својот сопруг Ендру (52) и тоа од венчавка со друга жена.

-На првата сопруга една пријателка и кажала дека видела фотографии од венчавка на нејзиниот сопруг со друга жена – кажал тужителот Сиајн Воган.

Додал дека Ендру и кажал на првата жена дека без нејзино знаење тој се развел од неа преку интернет уште пред две години. На полицијата и кажал дека за разводот преку интернет платил 600 фунти.

Сепак, се испоставило дека тој развод не бил официјален, по што полицијата го уапсила откако првата жена го пријавила тврдејќи дека  се уште е во брак со него, пишува Метро.

Адвокатот на мажот кажал дека тој ги предал документите на викар кој го оженил со втората сопруга. –Требаше повеќе да внимава на документите – додал адвокатот.

Ендру на крајот е казнет со 400 фунти како и дополнителни 400 фунти за трошоците.

 
 
08.02.2016 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега