Како стекнете самодоврба за да бидете оформена личност?

Самодовербата е една од најважните алатки за успех во она што го работите, но и во сите области од животот. Ако сакате веќе еднаш да престанете да се преиспитувате, плашите и сомневате во своите способности тогаш прочитајте ги овие 15 кратки совети.

Прашајте ги вашите пријатели или партнерот дали денес можете некако да им помогнете.

Зачленете се во теретана (не заборавајте секој пат кога сте таму да пуштите некоја енергична музика), а доколку немате финансиски средства за ова, закажете си термин во вашиот дом кој ќе го почитувате секој ден исто како да сте платиле во теретана.

Ако мора да одите на настан за бизнис вмрежување, бидете онаа личност која ќе ги праша другите како може да им помогне.

Запишете се на некој курс, работилница… бидејќи учењето, односно дружењето е вистинска работа за изградба на самодоверба.

Секој пат кога ќе се двоумите дали нешто да направите слободно кажете си „Ќе го направам ова, еднаш се живее“.

Престанете да влегувате во различни улоги за да ги исполнувате очекувањата на различни луѓе. Бидете она што сте секогаш и со сите.

Си помислувате дека не сте доволно добри да направите нешто или си мислите дека е невозможно нешто да имате. Немојте никогаш да мислите така, мислете дека токму вие ќе бидете таа личност која ќе го има тоа.

Се срамите со некои ваши постапки да не испаднете смешни, глупави….? Испаднете! Па што? Кажете си на себе „Најважно е како се чувствувам јас“

Не очајувајте поради неуспехот. Да се има самодоверба понекогаш значи да признаете дека сте погрешиле како и способност да познаете нешто добро во некоја ситуација

Не плашете се да бидете исплашени. Ако сте исплашени не значи дека немате самодоверба. Додека не дозволувате да ве парализира, а ве води кон целта, стравот е ваш пријател.

Немојте да се сомневате дека нешто нема да се оствари доколку од прва не се остварило.

Не дозволувајте вашата среќа и самодоверба да зависи од тоа дали сте во врска со некој и дали некоја група на луѓе ве прифаќа. Самодовербата мора да биде безусловна работа.

Престанете да се споредувате со другите и да барате потврдување за достигнувањата во однос на други лица.

Немојте да молчите на работа – слободно предложете идеи за подобрување. Бидете слободни пристојно да ги одбиете задачите кои не сакате да ги работите.

Заменете ја реченицата „Ја заслужувам подобро“ со „Јас, можам подобро“.

Дали вие имате самодоверба? Во кои области од животот имате најмалку самодоверба?

 
 
08.02.2016 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега