Кражба на Камениот мост во Скопје

На Камениот мост во Скопје во правец кој центарот на градот три засега непознати сторители утринава околу 00:10 часот извршиле разбојништо над Д.А.(18) од Скопје при што му одзеле мобилен телефон „Хуавеј“, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 14.000 денари. Разбојништвото било извршено на тој начин што сторителите го пресретнале оштетениот, му го попречиле движењето, при што едниот од нив му се заканил со нож. Откако Д.А. им го дал мобилниот телефон, сторителите го напуштиле местото на настанот. Полициската станица-Центар презема мерки за пронаоѓање на сторителите. 

 
 
07.02.2016 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега