Неделава помина крваво: Голем број несреќи во Скопје

 

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 11 сообраќајни несреќи. Од нив, шест се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, пет сопатници и еден пешак.

Сообраќајната полиција вчера открила и санкционирала 14 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Седум возачи не го почитувале правилото за првенство на минување на возилата во зона на крстосница, шест возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, а пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и девет пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од сообраќајната полиција отстранети се 54 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 
 
05.02.2016 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега