Дино Мерлин шокираше: Никогаш нема да ја пеам песната на Цеца
Пејачот и автор Дино Мерлин откри тајна за Светлана Ражнатовиќ Цеца која деновиве и онака е во центарот на медиумското внимание со своето 16 години помладо момче. Тој раскажа се за хитот "Београд" кој ја прослави Цеца.
- Песната ја напишав за градот во кој доживеав многу среќни моменти. Песната не е на мојата листа од две причини. Прво, напишав 200 композиции, а на концерт не можам да испеам повеќе од 30, а втората причина е тоа што таа песна е на Цеца, супер е отпеана, нема што да поправам, па не би сакал да ја пеам.
Дино додава и дека со Цеца се познаваат, но не се во контакт.Се сретнале два пати во животот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа