Ќе патувате некаде? - еве ја состојбата на патиштата

 Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата денеска се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

За потребите на проектна документација за рехалибитација на патниот правец А-1 делница Миладиновци - Куманово  во двата правци од денеска ќе започне геодетско снимање на споменатиот патен правец, а воедно со тоа ќе има и повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот

Воведена е времена измена на режимот на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07 до 31.08 оваа година, при што се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на викендот и во денови при екстремно високи температури. Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот, додека во деновите со екстремно високи температури забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.

На патниот правец Гостивар - Охрид од 1 јули 2013 има ограничен режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00 - 24:00 часот, сабота и недела 07:00 - 24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2013 година.

На сила е и забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година.

На патниот правец Прилеп - Градско (Р106), 1 километар пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот.

Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово - Дебар во близина на Бошков Мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.