Заблуди во кои сите веруваат: Ова што ќе го прочитате ќе ве изненади

При запознавањето со новите култури често се случува да научиме некои работи, кои не се точни, но намерно се рекламираат како такви со цел полесно да не привлечат кон некоја туристичка дестинација.

Следуваат некои од историските заблуди, кои сме ги чуле повеќе пати и ги сметаме за вистинити, а всушност не се.

Ван Гог си го исекол увото во налет на бес

Според последните истражувања тој тоа не го сторил. Ван Гог имал бурна расправија со својот пријател сликарот Пол Гоген, кога Гоген го нападнал и со меч му откинал дел од увото. Ниту едниот, ниту другиот уметник подоцна не зборувале за овој инцидент, но Гоген сепак ја проширил приказната за лудоста на Ван Гог и за тоа како самиот си го отсекол увото.

Колумбо сакал да докаже дека Земјата е тркалезна

Како што е познато во 15. век нашата планета сите ја замислувале како рамна плоча.  Сите освен Колумбо, кој сакал да докаже дека е тркалезна. Меѓутоа тоа што всушност Колумбо на своето патување го сакал е да го открие најкусиот пат до Индија.

Наполеон бил низок

И денес се зборува дека големиот француски војсководец бил низок и се споменува Наполеоновиот комплекс. Оваа грешка се појавила поради разликата во начинот на мерење, односно разликата меѓу англиската и француската стапка, француската стапка е подолга за неколку сантиметри. На крајот се покажало дека Наполеoн бил висок околу 170 сантиметри, што за тоа време била сосема пристојна висина. Можеби не бил висок како кошаркар, но секако бил повисок за пет сантиметри од поранешниот француски претседател Никола Саркози.

Линколн ја почнал Граѓанската војnа поради укинување на ропството

Во денешно време учиме дека Линколн ја почнал војната со цел луѓето од сите раси да бидат еднакви, но тој податок не е сосема точен. Линколн ја почнал војната поради фактот дека јужните држави сакале да се одвојат, а тој сакал САД да бидат обединети. И самиот запишал дека би сторил се за зачувување на единството на САД, па дури тоа да значи и укинување на ропството. Сепак за време на војната е потпишана Декларација за еднаквост, што на војната и дало поголема смисла и морална димензија.

Ајнштајн не бил лош ученик

Доколку дома ја раскажувате приказната дека единиците по математика и физика не се важни, бидејќи ги имал и Ајнштајн, вие сте во заблуда. Малиот Алберт бил повлечен и социјално неадаптиран, вистина е дека имал проблеми при запишувањето во политехничкото училиште во Цирих, но тоа не било поради математиката, туку зоологијата, ботаниката и јазиците. Во математиката отсекогаш бил брилијантен, така што не дозволувајте децата да се извлекуваат на оваа приказна.

На Њутн му паднало јаболко на главата

И на тој начин го појаснил поимот гравитација. Убава легенда, но тоа е всушност само легенда. Приказната прв пат ја објавил влијателниот француски мислител Волтер, многу години откако Исак го напуштил овој свет. Подоцна оваа приказна толку многу пуштила корени, како и сите добри легенди и секој пат се додавал некој нов детаљ, секако без некакви докази.

Кинескиот ѕид е видлив од Месечината

Навистина можат да се видат различни работи од Месечината, но Големиот ѕид во Кина не е една од нив. Ѕидот е широк најмногу триесетина метри, а иста боја е како и пределот во кој се наоѓа, така што е речиси невозможно да се види од Земјината орбита, а не пак од Месечината.

Нерон го запалил Рим…

А потоа се качил на врвот од палатата, каде пеел и гледал како Вечниот град исчезнува во пламен. Сепак, според записите на историчарот Тацит, Нерон за време на пожарот во Рим бил оддалечен речиси 50 километри. Според последните истражувања Рим го запалиле неговите непријатели, кои сметале дека сите за трагедијата ќе го обвинат Нерон.

КУРИР

 
 
01.02.2016 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега