Новото истражување открива: Ако пиете горко кафе можно е да сте психопат!?

Новото австриско истражување открива дека љубителите на горки јадења и напитоци покажуваат поголема тенденција од останатите кон садизам и асоцијално однесување.

Проучувајќи ја врската помеѓу личностите и склоностите кон специфични вкусови, научниците од Универзитетот во Инсбрук утврдиле дека лицата кои сакаат горко покажуваат поголема тенденција од останатите кон садизам, макијавелизам, нарцисизам и асоцијално однесување.

Тие луѓе, исто така се изразено себични.

За време на истражувањето, волонтерите биле изложени на разни категории вкусови (слатко, солено, кисело и горко), а потоа морале да ги рангираат според параметрите и да одговорат на прашања поврзани со нивната личност.

Резултатите покажале дека лицата кои уживаат во горки јадења и пијалоци покажуваат симптоми на психопатија.

 
 
31.01.2016 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега