Работи кои никако не смеете да ги правите во триесеттите години

Некои луѓе ги фаќа паника кога ќе наполнат 30 години, затоа што друштвените норми почнуваат да им ствараат притисок. Понекогаш поради страв тие сами си го стопираат патот кон успехот.

Во дваесетите години од животот луѓе се опуштени, полни со енергија, им се чини дека целиот свет им е на дофат на раката. Но, откако ќе дојде преминување на онаа магична граница и во триестата година од животот, се почнува да се менува, почнувате да чувствувате одреден притисок, кој расте како се наближува бројот 40 во годините на човекот. Еве што не би требало да правите своите триесетти.

1. Пробувајте да ги исполнувате друштвените норми

-Ќе чувствувате притисок од околината врзан за она што би требало да го направите, а се уште не сте- да стапите во брак, да имате свој стан, деца и сигурна работа. Но, не дозволувајте тоа да делува на вас и на вашите одлуки, туку живеете како на вас највеќе ви одговара. Не сме сите исти и вистинско време за одредени работи во животот е индивидуално.

2. Поминувате премалку време со родителите

-Една од најчестите причини која луѓето над 30 години, е тоа што не поминувале доволно време со своите родители, додека уште имаат сила и можат да прават многу работи заедно. Би сакале да сте поминале повеќе моменти со родителите, како прошетки, патувања или пак едноствен разговор.

3. Ја ставата работата на прво место

- Нешто што секако треба да го имате на ум во триесеттите е да работата не е се на светот, иако е важна за иднинината и егзистенцијата. Не дозволувајте работата и кариерата да ви бидат на прво место во животот, пред семејството и пријателите. Времето поминате со саканите луѓе е многу подрагоцено од парите.

4. Мислите дека сте престари на некои работи

-Не е мал бројот на луѓе кои во овие години сами на себе си сугерираат како се престари за некои работи, но тоа е само кочница која го застанува човекот да биде слободен и да живее како сака. Освен тоа, што би кажале на 50 години за тоа? Запомнете, ако се чувствувате старо, така и ќе изгледате, затоа не дозволувајте детето некогаш да замине од вас.

5. Другите ви се секогап поважни

- Можеби сте склони од тоа секого да го ставате пред себе, али тоа не е никако добро, затоа што на крајот ќе се чувствувате лошо и ќе жалите зошто е така. Мала доза себичност е добра за вашиот живот, зошто ако вие се чувствувате добро, така и ќе делувате на другите и ќе имате подобри односи со нив. Свретете се кон своите соништа и следети ги, не дозволувајте другите да ви ги уништат соништата. Би можеле да зажалите покасно.

6. Луѓето во овие години живеат во парадокс- од една страна мислат дека се престари, а од друга не сакаат да се откажат од брзата храна и не вежбаат. Наместо сами себе да се саботирате со размислување околу годините, одвоите време за запознавање со здравите навики и автоматски помалку ќе размислувате за неважни работи.

7. Не ризикувате доволно

-Во оваа доба човек може да стане премногу внимателен и не се осудува да проба нешто ново, затоа што се плаши од промени. Некои луѓе бираат добро позната секојдневица, иако не се чувствуваат добро во неа, но наместо да ризикуваат и пробуваат нешто ново со својот живот, нешто што може да ги направи среќни и задоволни. Премногу страв и внимание се кочница за напредок во животот.

8. Не сте штеделе доволно за иднината

-Чувство дека годините поминуваат, а немаат никакви залихи на банкарска сметка или за станбената заштеда, на многумина им е големо оптеретување, посебно како поминуваат годините. Затоа за тоа почнете да размислувате на време и штеде колку можете, ќе бидете среќни еден ден за таа одлука.

9. Премалку сте патувале, иако сте го посакувале тоа

-Се чини како да е светот да на дофат на раката, само треба да се одлучиш и да отпатуваш. Иако многу на тоа така гледаат, помал е бројот на оние кои би се одлучиле за ваква авантура. Наместо да седите дома и да се жалите што не сте проживеале ништо, направете се за тоа да го остварите. На пример, еднаш годишно дозволете си далеку патување и плаќајте го на рати. Пари ќе имате помалку, али спомени ќе останат за цел живот.

10. Грижата што мислат другите

-Престанете да трошите време и енергија на тоа што мислат луѓето за вас, зошто ќе го мислат тоа што го сакаат без разлика што и да направите вие. На оние кои им значите ќе ве прифатат какви и да сте, а другите и така не се важни.

 

 

 
 
28.01.2016 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега