Шварценегер ужива во звуците на „Јовано, Јованке“
Како што рекол за српски “Блиц” Иван, познатите сакале да навратат во клубот за да се опуштат, да пивнат и да каснат нешто. А тука бил и оркестарот кој ги развеселува гостите.
За нас интересно е што во еден момент оркестарот ја засвирел нашата можеби најубава народна песна “Јовано, Јованке”, која ги воодушевила присутните, па оркестарот морал да ја свири неколкупати.
– Кога слушнав дека ја свират познатата песна веднаш зедов да ја снимам атмосферата. Во тој момент во клубот седеа германскиот фудбалски репрезентативец Марио Гече, директорот на Формула 1 Берни Еклстон, а Шварценегер беше покрај мене. Судејќи по изразите на нивните лица песната ги одушеви, па оркестарот ја отсвире повторно, вели Иван, кој не сакал премногу да открие за што зборувал со Арни, но вели дека размениле неколку реченици и дека “Терминатор”, кој дошол со синот, со него поседел некое време, а Иван дури и го почестил со кубанска пура.
Видеото можете да го погледнете тука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа