Дел од Скопје утре без вода
Во периодот од 10.00 часот па се до завршување на работата за водоводен приклучок утре без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев од бр.20 до бр.32, како и корисниците од улицата Петар Дељан.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот на снабдување со вода е поради изведување водоводен приклучок од Ф – 200 мм на улицата Христо Татарчев бр.21а во населбата Кисела Вода.
27.01.2016 - 17:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа