Тешка кражба во Карпош

Во понеделникот околу  23.50 часот во полициската станица во Карпош, И.М. (51) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 18.00 до 22.00 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан. Притоа сторителот одзел малокалибарска пушка калибар 22 мм со оптички нишан, ловен карабин марка калибар 7 мм со оптички нишан, ловен карабин со оптички нишан и пиштол калибар 9 мм со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 900.000 денари. Имено, сторителот со употреба на погоден алат ја отворил вратата, влегол внатре,извршил пребарување , ги пронашол и ги одзел наведените работи, а потоа го напуштил местото.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. 

 
 
27.01.2016 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега