Исчезнатите ученички Марија и Даниела сакале да се самоубијат - еве зошто

Цела Србија се крена на нозе по веста дека исчезнаа две малолетнички. Според пишувањата на српските медиуми вчера, двете девојчиња, 15-годишната Марија и една година помладата Даниела, српското Министерство за внатрешни работи по потрагата ги пронашло во напуштена куќа.

Марија и Даниела се пронајдени во село Локва премрзнати и расплакани.

-Кога им се приближив на двете девојчиња не изгледаа добро, им се гледаше на лицата дека нешто не е во ред. Ги прашав во што е проблемот, ми одговорија дека сакаат да се самоубијат бидејќи имале проблеми во училиште и дома. Се обиделе да земат апчиња од аптека но не им биле препишани без рецепта. Сакав да повикам полиција но ме предупредија дека може да направат некоја глупост, сфатив дека со нив морам полека за да нема последици. Без да знаат повикав полиција, вели Тома Константин, момчето што ги пронајде девојчињата.

Кога пристигнала полицијата се завршило во најдобар ред.

 
 
27.01.2016 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега