Груевски ќе присуствува на завршувањето на градежните работи на објектот на ПЕТ Центарот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска ќе присуствува на настанот за завршувањето на градежните работи на објектот на ЈСУ УИ ПЕТ ЦЕНТАР во Скопје.

ПЕТ Центарот е со површина од околу 2.600 м2 . Позитронската емисиона томографија претставува нуклеарно-медицинска визуелизациска техника со која се добива тродимензионално прикажување и мапирање на функционалните процеси во телото. Воедно, претставува нов чекор во евалуацијата на функционалните и малигни метаболни промени во организмот на пациентите, а се користи во областа на онкологијата, хематологијата, кардиологијата и неврологијата, а во поново време и во детската патологија.

ПЕТ Центарот ќе обедини во себе повеќе функции: Оддел за производство на краткоживечки радиоактивни изотопи со позитронски емитери, со инсталација на циклотрон, Оддел за синтеза, производство и контрола на квалитет на ПЕТ-радиофармацевтици, Оддел за развој и истражување за обележување и контрола на квалитет на радиофармацевтици за терапија со бета/гама емитери, клинички оддел за ПЕТ дијагностика итн.

 
 
25.01.2016 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега