Заев не се појави на судењето за „Поткуп“- повторно не ги почитува македонските закони и институции

Струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ Зоран Заев денес покажа дека не ги почитува законите и институциите на Република Македонија. Судскиот процес за случајот „Поткуп“ кој денес требаше да започне во Основниот суд Скопје 1  е одложен поради неприсуството на Заев.

Судењето е одложено поради тоа што Заев бил службено зафатен и е закажано за 3-ти март.

Заев, според изјава на неговиот адвокат Ване Андреев, не се појавил во скопската единица поради средба во кинеската амбасада, иако претходно потврди дека ќе се појави на рочиштето. Поради неприсуство досега неколку пати тој го одложуваше и процесот за случајот „Пуч“.Заев за овој случај пред судот се појави откако случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство, пишува Курир.

По одложувањето на судењето за „Пуч“, Заев побара Специјалното јавно обвинителство да го преземе и случајот „Поткуп“.

Ваквото однесување на Заев, со непочитување на законите и институциите, отвора сомнеж дека лидерот на СДСМ не е службено зафатен и може да присуствува на суд само кога Катица Јанева е обвинител.

Имено, обвинението против Заев, Основното јавно обвинителство за случајот „Поткуп“ го поднесе во јуни минатата година. Заев е обвинет за примање поткуп во висина од 200.000 евра за да изврши легализација на државно земјиште.

 
 
25.01.2016 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега