Македонија делумно ги спровела препораките за борба против расизмот и нетпреливoста
Република Македонија делумно ги спровела трите препораки на Европската комисија за борба против расизмот и нетпрелиовста за кои беше побарано приоритетно спроведување во 2010 година.
Во Стразбур беше претставен извештајот за начинот на кој Република Македонија ги спроведе препораките од извештајот од 15 јуни 2010 година. Со извештајот ЕКРИ ги охрабри македонските власти да продолжат со процесот на законодавни реформи од граѓанската и административната област кои беа во тек, со цел да се има заштита од дискриминацијата и да се има највисока заштита на жртвите од дискриминацијата. ЕКРИ според одговорот од македонските власти, го поздравува усвојувањето на законот за заштита против дискриминацијата на 8 април 2010 и создавањето на Комисијата за заштита од дискриминацијата на 1 јануари 2010. Комисијата била повикана да се изјасни по шеесетина поплаки и дала мислење за околу трисетина и за пет случаи на потврдена дискриминација, таа дала препораки за начинот како да се спречи кршењето на законите.
Фактот што комисијата не располага со секретаријат и автономија за буџетот, како и забелешките од невладините организации за независноста на комисијата и не отворањето на ниту едно прашање заедно со надлежните власти од областа на превенцијата на дискриминацијата, ЕКРИ смета дека препораката е делимично исполнета.
Околу препораката која се однесуваше на воспоставувањето на систем за ориентација која ќе гарантира дека само децата кои навистина имаат хендикеп се упатени во специјализирани училишни установи, со оглед дека беше констатирано дека многу деца од ромска припадност неправедно беа упатувани кон овие установи. Според ЕКРИ по преземените активности од страна на Македонија за ориентирање на децата во школскиот систем постигнат е напредок. ЕКРИ посебно се интересира за децата кои се упатени во специјализираните училишта и смета дека требало да бидат преземни мерки за нивно реинтегрирање во нормалниот школски систем. Во таа насока во Македонија не биле преземни мерки и според ова и оваа препорака е делимично исполента.
ЕКРИ исто така го поздравува и донесувањето на националната стратегија за еднаквост и забрана забрана на дискриминацијата втемелена врз етничка, родова, старосна, физичка, ментална основа и врз хендикеп, но забележува дека властите не дале информации за учеството на граѓанското општетство во изработката на оваа препорака.