Рангелова: Жената била, е, и ќе биде столб на нашето општество

Унијата на жени остана на висината на задачата да биде на браникот на нашата таковина кога и да е потребно, а минатата година го докажавме тоа. Унијата на жени, измiнатата година допре до секој град, подадовме рака каде што требаше и го прифативме секој што сакаше да ни се придружи, рече Рангелова.

Енергијата, волјата и искуството, потенцираше Рангелова, секојдневно растат.

-Жените го препознаваат најбројното женско семејство, бидејќи ние прво функционираме како семејство, а потоа како политичка организација. Ние сме со народот и меѓу народот, ние одиме на избори и заеднички со народот ќе одлучиме кој ќе ја води нашата држава во иднина. Силни и обединети, на 24 април ќе ја покажеме силата која е насочена кон големите дела, кои ќе значат сигурност за нас и нашите семејства, додаде претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 
 
24.01.2016 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега