Груевски: Народот ќе порача дека ова е негова и само негова земја, господар на оваа територија

На 24-ти април, доаѓа казната и одмаздата на народот, дооаѓаат неговите 5 минути, рече претседателот ан ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање.

-Тоа е ден кога овој народ, народот на Македонија, на сите ќе им покаже кој е кој во оваа држава, односно чија е оваа држава. Во април, народот на Макеоднија ќе си ја врати делумно одземената власт, и преку масовното гласање на изборите ќе ги избрка на клоци вештачки и насила насадените функционери, рече Груевски.

Тој нагласи дека народот на 24-ти април ќе испрати четири пораки, а една од нив е:

–Дека ова е негова, и само негова земја и само тој народ одлучува за нејзината иднина и нејзините водачи. И никој друг неможе насила, или со валкана игра да му го одзеде тоа суверено право. Овој народ е господар на оваа територија. Ова ќе биде порака кон внатре и кон надвор од земјата

 
 
24.01.2016 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега