Со автомобилот ги прегазил ученичките Милица и Ања - побегнал како ништо да не направил

17-годишните Ања А. и Милица Д. полесно се повредени кога црно Фијат Пунто налетало на нив, на пешачки премин во Белград. Несреќата се случила вчера во 11 часот и 30 минути, пред белградска гимназија каде учат девојчињата.

Возачот кој ги прегазил двете малолетнички зборувал на мобилен телефон, а по делото кое го направил побегнал како ништо да не се случило.

- Девојчињата излегоа од училиштето и тргнаа да преминат улица кога на нив налета црн автомобил. Возачот зборуваше на мобилен, кога виде што направи се насмеа и продолжи како ништо да не се случило, велат сведоци на настанот.

Децата кои биле сведоци веднаш притрчале до школото и кажале што се случило, по што била викната Брза помош и полиција.

Двете малолетнички, Ања и Милица биле префрлени на Ургентен.

 
 
20.01.2016 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега