Овде утринава беа измерени минус 20 степени!

Иако и кај нас е кочан-ладно а се најавува и намалување на температурите, утрово во Босна се измерени минус 20 степени. Според порталите од регионот, Босна утрово била најстудена од сите земји во Европа.

Инаку, на ладното време кое ја зафати и Македонија, лекарите препорачуваат да се внесуваат течности, да не се излегува од дома ако не мора, да се носи топла облека. Исто така, хронично болните и стари лица да ја земаат редовно терапијата.

Според прогнозите, студот нема да попушти ни деновиве.

 
 
19.01.2016 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега