ФОТО: Народот сака избори на 24-ти април и крај на кризата

Граѓаните на Република Македонија се согласуваат со одлуката на владејачката коалиција дека изборите треба да се одржат на 24-ти април и со тоа да се испочитува договорот од Пржино, пишува Курир.мк

Она што за граѓаните е најважно е тоа дека по предвремените избори очекуваат Македонија да излезе од кризата во која беше втурната. Тие коментираат дека СДСМ треба да се одважи и да излезе на избори, затоа што токму таа партија истите ги бараше.

Токму во опозицијата, граѓаните го наоѓаат виновникот за ваквата политичка состојба. Тие му порачуваат на Заев и на неговата партија да излезе на избори и да се соочи со реалноста. Но, исто така му испраќаат и порака дека на власт не може да дојде без избори.

fb-gragani1

На корисниците на социјалните мрежи им олесна одлуката изборите да не се одложуваат затоа што велат дека Македонија мора да оди напред.

Граѓаните велат дека СДСМ е партија во минато време и дека немаат доверба во неа. Исто така на социјалните мрежи граѓаните коментираат дека СДСМ треба да се распадне како партија затоа што со сегашниот состав е полна со криминалци.

fbgragani2

Во однос на обвинувањата од страна на СДСМ за прочистување на избирачкиот список, граѓаните велат дека челници на ДИК и МВР се луѓе од СДСМ и дека ако партијата не прави опструкции, таа работа може да биде завршена.

fbgragani3

На граѓаните им е јасно дека Заев не се охрабрува да излезе на избори бидејќи е свесен за премногу нискиот рејтинг на неговата партија.  Меѓу бројните коментари по социјалните мрежи има поделени ставови- едни ги повикуваат СДСМ да излезат на избори за да се соочат со народот, други им велат дека не мора да излегуваат и дека избори ќе се одржат и без нив. Она во што сите го делат мислењето е дека сакаат да дојде крај на оваа политичка ситуација, кризата да заврши и СДСМ да престане со деструктивните политики.

fb-gragani4

sebastijan-kurc

Курц: Опозицијата мора да го поддржува исполнувањето на договорот посредуван од Хан

– Ние сите се согласивме дека ни треба целосна имплементаицја на политичкиот договор што беше посредуван од Јоханес Хан во минатите недели и опозицијата мора да го поддржува исполнувањето на договорот. Сакам да ја искористам можноста да и се заблагодарам на Македонија за многу позитивната улгоа што ја игра во бегалската криза. Тоа многу и помага на земја како Австрија, Германија или Шведска. Сите се согласивме на состнаоко дека треба да ја искористиме 2016 година за да добиеме вистински прогрес на интегративниот пат кон ЕУ на Македонија, истакна Курц.

sija-nova

Сијарто: Mора да се почитува волјата на македонскиот народ дадена на избори!

Министерот за надворешни работи на Унгарија и еден од највлијателните членови на Советот на Европската унија, Петер Сијарто во Брисел упати јасна порака за политичките случувања во Македонија лоцирајќи ја одговорноста во редовите на опозицијата, јави дописникот на МИА од Брисел.

Сијарто во име на ЕУ побара да се почитува волјата на македонскиот народ кој гласал за сегашната Влада, а тој посочи и дека “тоа што македонската опозиција не сака раби избори, доволно говори за сегашната ситуација”.

–Имавме појадок на пријатели на Македонија со цел да ја покажеме нашата посветеност на сегашната македонска Влада во поглед на евроинтеграцијата на земјата и притоа би сакал да истакнам неколку кратки факти. Првиот е дека интерес на земјите-членки на ЕУ е Македонија да биде успешна во интеграцискиот процес во ЕУ. Втор факт е дека сегашната Влада на Македонија има направено многу со цел да биде успешна во евроинтегративниот процес. Трето, Македонија неодамна одигра многу позитивна улога кога станува збор за мигрантската криза. Всушност, Македонија одигра попозитивна улога од некои други земји-членки на ЕУ, кога станува збор за зголемениот проток на миграција кон централниот дел на Европа, посочи вчера Сијарто на почетокот.

Унгарскио шеф на дипломатијата беше посебно конкретен кога станува збор за политичката криза во земјата.

– Четврт факт е дека мораме да ја почитуваме волјата на македонскиот народ. А, македонскиот народ гласаше за оваа Влада на четири избори по ред. Сегашната Влада не освои власт и позиција на лотарија, туку на парламентарни избори. Сите ние, не само членките на ЕУ, туку и европските институции мора да го почитуваме овој факт дека оваа Влада ја освои власта на парламентарни избори, дециден е Сијарто.

Како последна точка во неговиот прв настап на прес-конференцијата по состанокот, министерот за надворешни работи на Унгарија го издвои и однесувањето на македонската опозиција во земјата и нивното опструирање на договорот од Пржино.

– Мојата последна поента е дека ситуацијата е многу чудна во Македонија, бидејќи опозициската партија не сака рани избори што е можно побрзо. Мислам дека тоа многу кажува за сегашната ситуација, посочи Петер Сијарто.

Унгарскиот министер беше искрен и за тоа како ЕУ може вистински да помогне да се реши ситуацијата во македонската држава

– Мое мислење или мој став е дека ЕУ треба да ја поддржува сегашната администрација да го надмине овој вид на кризна ситуација. До опозицијата е да одлучи дали сака да учествува во работата на Парламентот или не. Според нашето мерење, силата на демократијата не може да се мери на тоа дали опозицијата сака да учествува во работата на Парламентот или не и мислам дека тоа многу, многу кажува дека главната опозициска партија се обидува да го одложи датумот за предвремени парламентарни избори од време до време. Тоа многу кажува, дециден е Сијарто.

 
 
19.01.2016 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега