Снежни лудории: Од денеска ноќно скијање на Попова Шапка

Ски центарот „Попова Шапка“ од вечерва стартува со ноќно скијање на ски-лифтовите „Тетекс 1” и „Тетекс 2” во периодот од 19 до 22 часот.

Тоа, како што информираат од „ЕЛЕМ Турс“, го овозможи  новата снежна покривка која сега достигнува до 40 сантиметри.

Оттаму информираат дека цените за ноќното скијање се исти како и лани, а корисниците на сезонските билети не треба да купуваат посебен билет, бидејќи важат и за ноќно скијање.

 
 
18.01.2016 - 13:30
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега