ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДИЦИ: Човекот се соединува со Христа, водите стануваат лековити

Православните верници утре ќе го слават големиот христијански празник Богојавление - Водици, кој се празнува уште од вториот век. Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Празникот се нарекува уште и Водици заради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден. Традиционално, во реките се фрлаат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Со Водици завршуваат т.н. Некрстени денови.

Богојавление - Водици согласно Законот за празници на Република Македонија е неработен ден за верниците од православна вероисповед. 

 
 
18.01.2016 - 12:02
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега